декември 25, 2024

Неколку лица загинаа денеска во терористички напад на бомбаш самоубиец пред зградата на Министерството за надворешни работи на Авганистан во центарот на Кабул, јавува Ал Џезира повикувајќи се на извор од талибанската влада.

Амадула Мутаки рече дека бомбашот се обидел да влезе во зградата на МНР.

– ,,Моментално сум во зградата на Министерството за надворешни работи. Бомбашот самоубиец се обидел да влезе, но бил спречен од обезбедувањето на влезот, но потоа ,,се кренал во ваздух” – напиша Мутаки на Твитер.

И портпаролот на полицијата во Кабул потврди дека има жртви, пренесува Ројтерс.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK