септември 22, 2024

 Јапонската тенисерка Наоми Осака денеска ја образложи причината поради која во неделата навести дека нема да настапи на претстојниот Австралија опен, објавувајќи преку социјалните мрежи дека е бремена.

Јапонската 25-годишна тенисерка постираше на Твитер слика од бебе на ултразвук со порака „Едвај чекам да се вратам на теренот, но еве малку новости за 2023“.

„Една од работите на кои се радувам е моето дете да гледа еден од моите натпревари и да му каже на некого: Ова е мојата мајка“, додаде во објавата Осака.

Поранешната најдобра светска тенисерка нема настап на официјален натпревар од септември лани, а во кариерата два пати триумфираше на Австралија опен, во 2019 и 2021 година. 

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK