декември 25, 2024

 Раководството на Ал Наср демантираше денеска дека договорот на клубот од Ријад со португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо е поврзан со кандидатурата на Саудиска Арабија за организација на Светското првенство во 2030 година.

„Ал Наср сака да разјасни поедини медиумски написи. Договорот на Роналдо со Ал Наср не вклучува каква било обврска поврзана со кандидатурата за мундијалот. Неговиот фокус е на Ал Наср и на успеси со клубот“, објави саудискиот клуб на Твитер.

Роналдо на крајот од минатата година потшиша договор со Ал Наср до јуни 2025. и во саудискиот клуб треба да заработува околу 200 милиони евра годишно, а во тоа се вклучени и комерцијални права на португалскиот фудбалер.

Дел од светските медиуми, меѓутоа, објавија дека во договорот е вклучена и клаузула дека Роналдо ќе биде заштитно лице на саудиската кандидатура за организација на Мундијалот 2030.

Роналдо треба да дебитира за Ал Наср на 22 овој месец на дуелот против Ал Итифак во рамки на саудиското првенство. 

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK