декември 25, 2024

Нашето здравје е скапоцено, а за да го зачуваме, неопходно е да консумираме одредени намирници кои се богати со важни хранливи материи.

Просото е житарка која многумина ја занемаруваат иако таа располага со многубројни здравствени придобивки. Таа може да се користи не само за солени туку и за слатки јадења. Оваа житарка почнала да се одгледува во Етиопија пред околу 10 илјади години, а им била позната и на Кинезите.
Содржи бројни витамини и минерали како витамините А и Е кои честопати се користат во разноразните козметички производи бидејќи го забавуваат процесот на стареење, ги зацврстуваат ноктите и се клучни за сјајна и здрава коса.

Зошто треба почесто да консумирате просо?

Просото исто така содржи и антиоксиданси и го намалува негативното влијание на слободните радикали. Богат е и со витамин Б, кој е важен за одржување на функционирањето на мозокот, но и за кардиоваскуларниот систем и процесот на варење на храната.
Од минералите во производот, најважен е магнезиумот – околу 83 милиграми магнезиум се содржат во 100 грама просо, што се смета за 21% од дневните потреби. Заедно со витамините од групата Б, магнезиумот помага во функционирањето на кардиоваскуларниот систем, а воедно му помага на нашето тело да биде енергично и активно, но и ги намалува непријатните мускулни грчеви. Дополнителна предност на просото е тоа што не содржи глутен, па може да го јадат и оние кои се чувствителни на глутен.

Просото се смета за сложен јаглехидрат кој не предизвикува ненадеен скок на шеќерот во крвта и ви овозможува да останете сити подолго време, што го прави одлична храна во многу диети.
Освен тоа, едно истражување спроведено од страна на американски научници покажало дека просото може да придонесе за намалување на ризикот од дијабетес тип 2. Друга предност на оваа житарка е намалувањето на надуеноста и стимулирање на варењето на храната.

Сепак, важно е да не се претера со нејзиното консумирање бидејќи таа во големи количини може да предизвика проблеми со дебелото црево. Но, претставува одлична храна доколку се консумира во умерени количини. Покрај тоа, просото има благо диуретично дејство кое ги отстранува солите од бубрезите и го намалува ризикот од појава на камења.
Просото главно се користи за правење каша во комбинација со свежо и сушено овошје (сливи, суви кајсии), бобинки, а одлично оди и со јаткасти плодови и тиква. Со други зборови, просото е добар избор за појадок бидејќи лесно може да ве засити и да ви ја намали потребата да консумирате нездрави грицки и слатки помеѓу оброците.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK