мај 7, 2026

Ирецот Куивин Келехер, вториот голман на Ливерпул, се сели во Брентфорд за околу 15 милиони евра, објавија британските медиуми.

Келехер (26), кој е и член на ирската репрезентација, минатата сезона беше замена за првиот голман на Ливерпул, Алисон Бекер. Тој бранеше во десет натпревари, најчесто кога Бразилецот беше повреден или отсутен.

Според изворите, почетната вредност на трансферот е околу 11 милиони евра, но со бонуси поврзани со перформансите може да достигне вкупно 15 милиони евра.

Лидс, Вест Хем и Борнмут претходно покажаа интерес за Келехер, но Брентфорд на крајот се избори за неговиот потпис. Ирскиот голман беше особено значаен во финалето на Лига купот во 2022 година, кога Ливерпул го победи Челзи по изведувањето на пенали (11:10). Келехер тогаш направи неколку клучни одбрани и постигна гол од пенал.

Во Ливерпул, тој треба да биде заменет од Георги Мамардашвили, член на грузиската репрезентација и голман на Валенсија. Од друга страна, сегашниот голман на Брентфорд, Холанѓанецот Марк Флекен се сели во Баер Леверкузен.

Share

The post Ливерпул го продаде Келхер appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK