Со Грција владеел многу кратко,
Поранешниот крал на Грција Константин Втори , чиешто деветгодишно владеење се совпадна со еден од најтурбулентните периоди во политичката историја на земјата, почина вчера на 82-годишна возраст, објави државната веб-страница ЕРТ њуз.
Константин II , единствениот син на кралот Павле и кралицата Фредерика од Грција , дојде на тронот во 1964 година по смртта на неговиот татко, но неговото владеење беше придружено со политичка нестабилност што кулминираше со воен удар на 21 април 1967 година , според Ројтерс.
Неколку месеци по државниот удар и неуспешниот обид да се спротивстави на воената хунта, кралот Константин II бил принуден да ја напушти земјата.
На референдумот што го распиша владата на национално единство по падот на хунтата во 1974 година, Грците по втор пат ја отфрлија монархијата, со што Константин II стана последниот крал на Грција .
Иако официјална Атина му го одзеде државјанството на Константин, сепак во 2002 година кралското семејство беше обештетено со 13,7 милиони евра за поранешниот имот во Грција.
Kонстантин има пет деца со сопругата, грчката кралица Ана-Марија. Поранешниот крал беше страствен морнар чиј тим го освои златниот медал на Олимписките игри во 1960 година.
Константин е кум на британскиот принц Вилијам , а неговото семејство живеело во Лондон со години пред да се врати во Грција.
Следете не, не има насекаде