декември 25, 2024

Доколку за време на празниците се прејадувате со консумирање тешка храна, оваа диета може да ви помогне да се „вратите во нормала“ и на некој начин да го детоксицирате организмот, но и да изгубите неколку килограми.

Со тридневна диета некои луѓе можат да ослабат и до 4 килограми (со тоа што пред се се работи за губење вода), но чувството на задоволство поради брзите резултати е одлично.

Варијациите на оваа диета се познати и како армиска диета, морнарска диета и диета од клиниката Кливленд. Речиси секој од нив вклучува јадење големи количини туна и зеленчук, но и омилениот дел – сладолед навечер, заедно со пиење најмалку четири чаши вода.
Оваа диета е доста ригорозна и доколку се одлучите да ја следите, држете се до правилото од 3 дена бидејќи во спротивно можете да го загрозите вашето здравје. Луѓето кои страдаат од одредени болести секогаш треба да се консултираат со лекар пред да направат какви било прилагодувања во исхраната.

Појадок: половина грејпфрут, парче тост, две лажици путер од кикирики и кафе или чај.
Ручек: половина конзерва туна, парче тост, кафе или чај.
Вечера: 100 грама било каков вид месо, шолја зелен грашок, половина банана, мало јаболко и чаша сладолед од ванила.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK