мај 8, 2026

Општина Аеродром и кошаркарскиот клуб „МЗТ Скопје – Аеродром“ со големо задоволство ги покануваат навивачите, симпатизерите и љубителите на спортот на традиционалната средба со шампионскиот тим вечерва, 5.6.2025 година (четврток) со почеток во 19:00 часот пред платото пред хотелот „Русија“.

Идејата за средба со кошаркарите на МЗТ е заеднички да ја прославиме нивната дванаесетта титула на МЗТ. Ова е совршена можност фановите да се сретнат со своите спортски херои – кошаркарите и тренерите кои уште еднаш ја одбранија бојата на клубот и ја исполнија Општината со гордост. На средбата се очекува потпишување автограми, заедничко фотографирање, како и добра музика и одлична атмосфера.

Настанот е отворен за сите навивачи, семејства, деца и сите што сакаат да бидат дел од ова спортско славење.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK