мај 8, 2026

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, се сретна со ветераните на македонската кошарка: Драган Радосављевиќ, Ристо Ѓорчевски, Томе Димишковски и Огнен Герасимовски – во „Апче”, во срцето на Дебар Маало.

На средбата се разговараше за славните денови на Работнички, сегашните состојби и иднината на клубот.

Герасимовски предложи реконструираната сала да го носи името на Лазар Лечиќ, творецот на македонската професионална кошарка, под чие водство Работнички ги освои титулите во 1963 и 1964 година и се пресели во Првата сојузна лига.

Ветераните едногласно го поддржаа предлогот. „Лазар Лечиќ заслужува да биде дел од историјата на салата , тој беше човекот кој не научи да играме со срце и тимски дух, ” пораачаа поранешните кошаркари.

Герасимовски ги информираше ветераните дека во рамки на реконструкцијата на салата на Работнички ќе се предвиди и одвоен простор – ложа наменета токму за нив.

„Салата ќе има своја ложа за ветераните, за да имате свое место кога ќе доаѓате и ќе нè посетувате на тренинзите и натпреварите. Откако ќе ја завршиме реконструкцијата, ќе ве информираме навреме за секој настан и натпревар – ќе ни биде голема чест да бидете со нас и да ја споделите енергијата со младите генерации,” рече градоначалникот.

Градоначалникот посочи дека реконструкција на салата се реализира со забрзано темпо. Со бетонирање на подлогата, отпочна втората фаза на градежните активности што предвидува целосна обнова и проширување на теренот, поставување нова еластична подлога според ФИБА стандардите, обновување на гледалиштето со нови седишта, реконструкција на соблекувалните и туш кабините, како и поставување на климатизација и подно греење.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK