мај 9, 2026

Српскиот голман Филип Станковиќ официјално стана член на Венеција, која го откупи неговиот договор од Интер.

Станковиќ ја изминатата сезона ја мина во Венеција како позајмен играч, а клубот одлучи да ја активира откупната клаузула, која изнесува два милиони евра.

Синот на Дејан Станковиќ потпиша договор до 2029 година. Пред Венеција, Интер го позајми 23-годишниот голман на Волендам и Сампдорија.

Следната сезона, Станковиќ ќе брани во Серија Б, бидејќи минатата сезона клубот го зазеде претпоследното место во Серија А и испадна од лигата.

Share

The post Венеција од Интер го откупи договорот на Станковиќ appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK