мај 9, 2026

Пратеникот Благој Бочварски во поткастот „Претрес“ рече дека партискиот лидер на СДСМ, Венко Филипче, вози „шкода суперб“, со која доаѓа во Собранието како народен избраник. Тој рече дека нема такво сознание дека неговиот партиски претседател има добиено „ауди q8“ на лизинг од фирмата Зобек Мининг.

– Во Собранието доаѓа со „шкода суперб“. Тој веќе кажа и имаше соошптение од партијата дека нема такво возило. Во однос на информациите кои ги имам, тоа го знам, сега ако го докажат спротивното,тоа е друга работа.Нека докажат, гледајќи ги секој ден како повторуваат исти реченици, не верувам дека ќе докажат, рече поранешниот министер за транспорт. Бочварски додаде дека тоа е партиско возило на СДСМ.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK