мај 9, 2026

Возачите на Мекларен издоминира на трката за Големата награда на Австрија. Ландо Норис ја забележа седмата победа во кариерата и ја намалу предноста на тимскиот колега Оскар Пјастри, во генералниот пласман на 15 поени. Пјастри го освои второто место, а трет трката ја заврши Шарл Леклер од Ферари.

На Ред Бул Ринг, Британецот ја забележа трета победа оваа сезона и на Мекларен му ја донесе првата победа во Австрија по 24 години, кога Дејвид Култхард славеше на Спилберг.

Акцијата во Штаерска ја обележа инцидентото во третата кривина, во првиот круг, во кој возачот на Мерцедес, Андреа Кими Антонели, го исфрли бранителот на титулата Макс Ферстапен од патеката.

Дури и пред стартот, имаше драма бидејќи Карлос Саинц јуниор не успеа да го стартува својот болид пред кругот за загревање, што доведе до одложување на стартот. Возачот на Вилијамс беше преместен во боксот, но кога требаше да го заземе своето место за да започне нов круг за загревање, неговите сопирачки се запалија, а пожарот што избувна дефинитивно го исфрли од трката.

Зад најдобрите тројца следуваа Луис Хамилтон, кој ја помина целта половина минута пред поранешниот колега Џорџ Расел. Шести беше Лиам Лосон од Рејсинг Булс, зад кого се водеше голема борба помеѓу учителот и ученикот – Фернандо Алонсо и Габриел Бортолето, од која двократниот светски шампион излезе како победник.

Првите 10, а воедно и освојувачи на поени, ги комплетираа вториот возач на Кик Заубер, Нико Хулкенберг и Естебан Окон во автомобилот на Хас.

Share

The post Норис победи во Австрија, Ферстапен не ја заврши трката appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK