мај 9, 2026

Независниот кандидат за градоначалник на Струга г. Менди Ќура ја објави својата кандидатура.

Со понижност и длабоко чувство на одговорност, денес стојам пред вас за да споделам една важна одлука – одлука која ја донесов по долго размислување, искрени разговори и директни барања од многумина од вас. Денес официјално ја објавувам мојата независна кандидатура за градоначалник на Општина Струга, вели Ќура.

„Ова не е чекор што го презедов самостојно, туку одлука за која добивав секојдневни барања. Повиците пристигнуваа од бизнис заедницата кои бараат појасна насока за градот и од младите кои сакаат да останат во родниот крај. Дополнително, поттик добив и од граѓаните, кои од мене бараат храброст да се кандидирам и со одговорност и посветеност да управувам со нашиот град.
Како стружанец, им одговарам на овие повици и ја преземам оваа обврска со целосна убеденост.

Ние сме граѓани на овој благословен град. Делуваме и живееме за Струга, а секој личен успех што сум го постигнал им го посветувам на луѓето од овој град.
Не доаѓам овде како спасител, бидејќи Струга нема потреба од херои. На Струга ѝ е потребна чесна работа, мудро раководство и храброст да го промениме она што не функционира.

Доаѓам овде како човек со искуство во економијата и со јасна визија за развојот што го заслужува нашиот град.

Кандидатурата што ја објавувам денес не е трка за власт, не е борба против никого. Таа претставува само повик за обединување за сите кои го споделуваат истиот сон за Струга.

Струга отсекогаш била мојата инспирација и мојата сила.

Проектите и идеите што ќе ги изнесеме во наредните денови ќе се засноваат на три столба:

Транспарентност и правда за сите,

Одржлив развој и инвестиции во инфраструктурата, во образованието и културата, во младината и во спортот,

Чесно претставување и отворен дијалог со секој граѓанин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK