мај 8, 2026

Фудбалерите на Челзи станаа светски шампиони откако го победија ПСЖ во финалето на Светското клупско првенство во САД со резултат од 3:0.

Лондонскиот тим ги победи актуелните европски шампиони со головите на Кол Палмер во 22-та и 30-та минута, како и со голот на Жоао Педро во 43-та минута.

ПСЖ остана со играч помалку во 84-та минута, откако Жоао Невеш доби директен црвен картон.

Турнирот во САД е прв на кој учествуваат 32 екипи, а на финалниот натпревар присуствуваше и американскиот претседател Доналд Трамп, покрај претседателот на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино.

Финалето беше организирано во духот на Супербоулот (НФЛ), со настапи на бројни музички ѕвезди.

Челзи заработи 35 милиони евра со освојувањето на титулата, додека на ПСЖ му припадна парична награда од 27,1 милиони евра.

Share

The post Челзи е светски шампион: Англичаните го „згазија“ ПСЖ во историското финале на Светското првенство appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK