мај 7, 2026

Секторот за внатрешни работи Тетово информира дека вчера се приведени осум млади луѓе на возраст од 20 до 25 години поради тепачка, во која еден од нив е повреден со остар предмет. Тепачката се случила околу 23 часот и 40 минути на булеварот „Маршал Тито“, а полицајците веднаш успеале да ги приведат.

– Полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода О.С.(20) и Б.С.(24) од с Палатица, тетовско, А.У.(21), Ј.У.(24) од с.Дебреше гостиварско, А.С.(25) од с.Вруток, гостиварско, и К.О.(23), Д.И.(25) и Д.Е.(21) од с. Селце, затоа што го нарушувале јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка во која Д.Е. од с.Селце бил повреден со остар предмет. Тие биле задржани во полициска станица и по документирање на случајот ќе им биде изготвен соодветен поднесок. Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово, а бил пронајден остриот предмет и подигнат за понатамошна постапка – информираше денеска СВР Тетово.

Во соопштенито на СВР Тетово има и информација за пријавен друг физички напад. Во 15.30 часот во СВР Тетово, А.Ш.(20) од Тетово пријавил дека околу 15.00 часот пред угостителски објект на улица „Благоја Тоска” во Тетово, по вербална расправија, бил физички нападнат од А.А.(18) од Тетово. Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK