мај 7, 2026

Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска го врати споменикот на Андон Лазов Ќосето. Град Скопје соопшти, а и Арсовска на профилот на социјалните мрежи објави фотографии од поставувањето на споменикот ов текот на ноќта.

Со поставувањето на спомен обележјето во чест на македонскиот револуционер Андон Лазов Јанев – Ќосето, оддаваме признание за неговиот неуморен дух и саможртва во борбата за слободна и независна Македонија. Андон Лазов Ќосето, познат по својата борбеност и непокор, е симбол на македонската историја и еден од истакнатите учесници во Илинденското востание. Неговата улога во револуционерното движење е од непроценливо значење за денешната слобода и независност на нашата држава, се вели во соопштението од Град Скопје.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK