мај 6, 2026

Остварив средба со амбасадорот на Кралството Шпанија Н.Е. Рафаел Сориано Ортиз.

На работната средба разменивме мислења околу туристичката соработка меѓу двете земји, Македонија и Шпанија при што се разгледуваа можностите за воведување на авио линија Скопје –Мадрид со три летови неделно, по веќе воспоставената Скопје – Барселона. Тоа би значело поголем број на шпански гости на охридската ривиера.

Со Амбасадорот разговаравме и за тоа што шпанската Влада има предвидено Грант од милион евра кој што се овозможува реконструкција на прочистителниот систем на Охридското Езеро како природна реткост заштитена од УНЕСКО. Стана збор и за физибилити студијата за прочистителни станици наменети за нашето езеро, а изработена од етаблирана шпанска компанија.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK