мај 6, 2026

Министерството за внатрешни работи соопшти дека по вчерашната престрелка во Тетово, во која едно лице го загуби животот, денеска се уапсени три лица, а пронајдени се и повеќе предмети, кои се предмет на истрага.

„Во врска со вчерашната вооружена престрелка во Тетово, ве известуваме дека лишени од слобода се три лица. При претрес на повеќе локации во с.Гајре, тетовско пронајдени се предмети кои се од интерес на истрагата. Се преземаат мерки и активности за целосно расчистување на случајот и пронаоѓање на предмети и други лица кои биле инволвирани во престрелката.“, велат од МВР.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK