април 30, 2026

Боби Павловски ја претстави својата најнова песна „Варка“, снимена на српски јазик и дел од најавениот албум наменет за регионалниот пазар. Иако наменета за соседството, песната носи силен македонски печат – препознатлив ритам во 7/8 и визуелен наратив снимен на повеќе локации низ Македонија.

„Презадоволен сум што успеавме да го вметнеме карактеристичниот македонски ритам во песна за регионалниот пазар и да покажеме нешто наше, автентично“, вели Павловски.



Музиката и текстот се дело на Драган Пејиќ – Пеја, а аранжманот на Пеја и Бобан Василески. Видеото, реализирано со Area 7 Entertainment, ја слави македонската природа и традиција преку современа визуелна естетика.

„Варка“ е дел од проектот што веќе ги вклучува песните „Лавиринт“, „Поносан“, „Калдрма“, „Заблуда“, „Самица“, „Тамо негде“, „Метар дана“, „Не оклевај“ и „Стара рана“, со кои Павловски ја гради својата регионална музичка приказна, оставајќи простор македонската култура гордо да се претстави и надвор од границите.

Share

The post (Видео) Боби Павловски со нова песна „Варка“ – македонски ритам за регионалната публика appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK