април 29, 2026

Една од најпознатите британски модели, Кара Делевин, беше вистинска ѕвезда на Неделата на модата во Париз.

Русокосата убавица прошета за прв пат по две години откако призна дека се бори со зависност од дрога и е на лекување. Неодамна ги изненади сите со промена на својот имиџ, но тоа не траеше долго.

Во Париз, таа ги шармираше сите со црн проѕирен фустан чиј горен дел наликуваше на корсет, додека имаше волуменозни детали на половината. Чипка украсена со цветни мотиви се растегнуваше по целата должина.

Во првите редови ја гледаше и актерката Ева Лонгорија, која Кара ја покани да ѝ се придружи на пистата.

Сите обожаватели на некогаш најбараната манекенка беа среќни затоа што сега навистина изгледа одлично и јасно е дека минатото го оставила далеку зад себе.

„Изгледаш подобро од кога било“, „Конечно се врати“, „Одлична си“, „Напред“, беа некои од коментарите за поддршка на социјалните мрежи упатени до манекенката.

фото: принтскрин

Share

The post (Видео) Позната манекенка се врати на пистата по борбата со зависност од дрога: го „зачини“ своето повратничко издание со чипка appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK