април 29, 2026

Славната актерка Хали Бери (59) предизвика возбуда со уште една објава на Инстаграм.

Жената-мачка е позната по тоа што не се грижи за коментарите на другите и секогаш ја погодува целта, па овој пат покажа дека го следи само своето срце.

„Изгледа како да одам по погрешен пат, но не одам. Само одам по свој пат“, напиша таа во описот на фотографијата.

А на фотографијата, Хали позира во пустината, во бикини, додека некој ја фотографира како шета, а таа го слави своето тело и слобода, како и обично.

Уште еднаш, изгледот на Хали беше во преден план, па многумина сè уште не можат да поверуваат дека оваа жена е на крајот од својата шеста деценија.

„Тука сум за сите твои лудости“, „Не е за сите да ја видат и поддржат“, „Продолжи да живееш слободно“, „Кралице, изгледаш совршено“, беа некои од коментарите.

Хали Бери ужива во љубовниот живот со музичарот Ван Хант, и често објавува слики со него покажувајќи колку се сакаат. Токму затоа луѓето ги критикуваат, но Хали повторно не сака да обрнува внимание на тоа.

фото: принтскрин

Share

The post (Фото) Жената-мачка во бикини среде пустина – доволно за да ви затрепери срцето appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK