април 29, 2026

Денеска во полиција од Јавното претпријатие „Градски паркинг Скопје“ било пријавено дека во раните утрински часови две лица со употреба на сила отворале паркомати на повеќе локации во градот.

Според пријавата, биле обиени паркомати во катната гаража „Разловечко востание“, во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, на булеварот „Кочо Рацин“ и во Градскиот трговски центар, при што биле одземени пари.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случаите.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK