септември 20, 2024

Германската полиција го застрелала 46-годишниот Хрват Роберт Б., бидејќи со нож во рака истрчал кон полицајците.

Немилиот инцидент се случил во Мосбах во попладневните часови во петокот, пишува Билд.

Човек кој германските медиуми го идентификуваа како ,Хрват, претходно и’ се заканувал со нож на својата поранешна партнерка, поради што била повикана полиција.

Смртоносниот истрел бил испукан од полицијата во петокот, изјави портпаролот на Државната криминалистичка полиција (ЛКА).

Околу 13 часот, неколку сведоци пријавиле маж кој очигледно имал психички проблеми и бил вооружен со нож, соопштија надлежните.

46-годишниот маж со нож им се заканувал на полицајците.

Полицајците со солзавец се обиделе да го спречат мажот, но не успеале, па полицаецот, според полицијата, го употребил службеното оружје. Иако се обиделе да го спасат, тој на лице место им подлегнал на повредите.

Инспекторите рекоа дека тој претходно бил пријавен во полиција, меѓу другото и за семејно насилство. Како што информираат тие, тој бил на психијатриско лекување.

СЕ ОБИДУВАВ ДА ГО СМИРАМ

Соседот Гулбер Д.(68) добро го познавал Хрватот и неговото семејство и сè уште е во шок.

-„Доаѓав од работа, штотуку излегов од автобусот кога го видов Роберт. Во десната рака држеше нож, двете раце му беа испружени и зборуваше библиски стихови. Разговарав со него, сакав да го смирам, но тој не ме послуша. Не беше здрав во умот. Пота ми рече: ,,Ништо не може да ми се случи. Јас сум Исус.” Се плашев дека ќе и’ направи нешто на бившата партнерка и нивните две деца. Тој беше многу лут на неа. Затоа повикав полиција“, изјави тој за медиумите.

„Најлошото е што двете негови деца гледаа сè. Ги повлекоа завесите на прозорецот од балконот и гледаа што се случува надвор. Нивниот татко им почина пред очи!“, додава соседот.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK