септември 19, 2024

Авион на „Јети ерлајнс“ летал од Катманду кон Покара и се урнал при слетувањето при што се запалил.

Најмалку 40 лица загинаа во авионската несреќа во Непал што се случи утринава. Авион со 72 лица се урна на аеродромот Похара во централниот дел на Непал. Авион на „Јети ерлајнс“ летал од Катманду кон Покара и се урнал при слетувањето при што се запалил.

На социјалните мрежи почнаа да се шират снимки кои наводно го покажуваат моментот на падот на авионот. Ве молиме имајте предвид, дека ова не е официјална потврда дека навистина се работи за авионот.

Video of what seems to be moments before the crash of Yeti Airlines ATR72 carrying 72 passengers near Pokhara Airport#aerowanderer #aviation #avgeek #nepal #yetiairlines pic.twitter.com/hk12Edlvpf

— Aerowanderer (@aerowanderer) January 15, 2023

На видеото може да се види како авионот нагло врти при низок лет, а кон крајот на видеото за малку ќе се превртеше наопаку. Кон крајот на снимката се слушаат вресоци.

Државната телевизија на Хималаите покажа црн чад како извира од местото на несреќата и спасувачките екипи околу урнатините. Авионските несреќи не се непознати во Непал, дом на осум од 14-те највисоки планини во светот, вклучувајќи го Еверест, бидејќи времето во земјата може нагло да се промени и да создаде опасни услови за летање.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK