Русите во ракетен напад уништиле станбена зграда во Днепар, а според последните информации загинале најмалку 23 лица.
Инаку, руските војници ја нападнаа критичната инфраструктура во Киев и други украински места, со што го ограничија снабдувањето со електрична енергија на главниот град и големи делови од земјата.
Антон Герашенко, советник на министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, објави интересни фотографии на Твитер. Имено, тие прикажуваат жена која преживеала ракетен напад.
Таа била во бањата и за чудо преживеала. На фотографиите се гледа како жената седи во солзи додека околу неа има урнатини. Страшен ракетен напад буквално ја преполови зградата во Днепар.
Следете не, не има насекаде