Во падот на патнички авион со 72 лица во Непал, потврдена е смртта на 68 лица, а четворица се водат како исчезнати, соопштија официјални лица, завршувајќи ја потрагата по исчезнатите.
Авионот АТR72 на авиокомпанијата Јети ерлајнс се урна во провалија при слетување на линијата од Катманду до Покара.
Еден од патниците ги снимил последните моменти пред несреќата, а ова видео се прошири на социјалните мрежи.
Според тврдењата на социјалните мрежи, се работи за патник од Индија, кој со своите пријатели бил на патување со параглајдерство.
Тоа беше најсмртоносната воздушна несреќа во Непал од 1992 година, кога Ербас А300 на пакистанската авиокомпанија се урна во рид на пристапот кон Катманду, при што загинаа сите 167 луѓе во него.
Следете не, не има насекаде
