Тирана Нов земјотрес со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала вечерва ја погоди Албанија, објави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.
Епицентарот на земјотресот бил на 20 километри североисточно од Тирана, јавува Албанската пошта.
Тој медиум пренесува дека од неделата вечерта, кога Албанија ја погоди силен земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала, забележани се уште 18 послаби земјотреси.
Владата на Албанија соопшти дека на терен се четири екипи за итна помош кои ги проверуваат оштетените домови.
Досега се пријавени штети во 117 станови, додека денеска се верификувани околу 50 станови, соопшти Албанската пошта.
Следете не, не има насекаде