септември 19, 2024

Станува збор за скап и медицински производ што се собира во пештера на 2.500 метри надморска височина. Овој нектар го произведуваат кавкаски медоносни пчели.

Медот Centauri од Турција го собори светскиот рекорд кога станува збор за цената и квалитетот. Како што објавија “Гинисовите светски рекорди” , килограм од ова течно злато чини дури 10.000 евра. Се произведуваат само 30 кг годишно.

Станува збор за најскапиот мед што се собира во пештера на 2.500 метри надморска височина, а овој нектар го произведуваат кавкаски медоносни пчели, отпорни на студено време и големи височини. Местото од кое потекнува е оддалечено дури 50 километри од населбите на луѓето, но и од другите пчелни заедници.

Направен е од лековити ендемични растенија кои растат околу пештерата, има темно-златно-кафеава боја и има горчлив вкус. За разлика од повеќето комерцијални пчелари кои собираат мед два или три пати годишно, овој се собира само еднаш годишно.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK