април 22, 2026

Во СВР Велес вчера било пријавено дека околу 10:30 часот, на улицата „8 Септември“ во Велес, пред Народниот музеј настанал пожар на патничко возило „форд“ во велешки регистарски ознаки во движење, управувано од 52-годишниот С.Р. од Велес, при што било оштетено и паркирано возило„рено“ со велешки регистарски ознаки, сопственост на 34-годишниот А.Б. од Велес.

Како што информира денеска портпаролката на СВР Велес, Биљана Ѓаковска, повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од Територијална противпожарна единица Велес.

Увид извршила увидна екипа од СВР Велес.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK