септември 20, 2024

Дали на подвиг е нов политички скандал во Македонија?!? Антикорупциска наместо да ја бараат вината кај сопственикот или кај шоферот на Беса Транс, тие ја бараат кај министерот Спасовски?!?- На тоа се отвора новата тема на разговор- На кого му пречи министерот Оливер Спасовски?!?!?

Државната комисија за спречување корупција денес поднесе барање до Владата за оставка од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, бидејќи не реагирал навремено за техничкиот преглед на автобусот на „Беса Транс“ кој изгоре во Бугарија, кога во пожарот починаа 46 патници.

Левица за скандалозниот пропуст на Спасовски алармираше уште во август минатата година, каде побара одговорност од министерот за внатрешни работи, кој чекал повеќе од три месеци да ја забрани работата на станицата во која бил регистриран автобусот на „Беса транс“, соопштија од партијата.

– За станицата за технички преглед на компанијата „ВИА КОМЕРЦ Џемаљ“, во која бил регистриран автобусот на „Беса транс”, во август 2021 година било издадено предлог-решение за забрана за работа. При контролата било утврдено дека со пропустите во станицата „се овозможува во сообраќајот на патиштата да учествуваат технички неисправни возила, односно возила кои може да претставуваат опасност по безбедноста на сообраќајот на патиштата“.

The post Политичка хајка против министерот Спасовски?!?- Антикорупсиска и Левица бараат оставка од министерот за случајот со Беса Транс?!? appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK