септември 20, 2024

Македонскиот автор Зоран Спасов – Ѕоф, пред празниците ја промовираше својата нова книга „Џабе живиш у Скопје“, која за кратко време стана најпродавана во „Литература“. Книгата ја напиша за да му се оддолжи на Скопје, но и да го промовира скопскиот хумор, за кој вели дека е еден од најдобрите во светот.

Неодамна Ѕоф во „Репортер“ зборуваше за хит-книгата, за своите херои, но и за изместените вредности меѓу тинејџерите и за луѓето кои им се денес идоли. Па вели, не може да се помири со тоа што некои од најдобрите македонски спортисти денес рекламираат казина и брзи кредити.

„Во денешно време херои се луѓе што не треба да бидат херои. Ние имаме квалитетни луѓе што треба да бидат пример на младите генерации, но ги омаловажуваме зашто Македонецот е секогаш повеќе ценет надвор отколку дома. Но, и тие рол-модели што ги имаме прават погрешни чекори. Јас не можам да се согласам дека Кире Лазаров и Иџе рекламираат фирми за продажба на пари. Тоа не им доликува на тие два лика што треба да бидат пример за сите генерации. Нека ми простат што го кажувам ова, ама така го чувствувам“, рече Ѕоф.

Авторот не крие дека негов идол отсекогаш бил Јосип Броз Тито, па инспириран од него ја напиша книгата „Тито мојот претпоследен херој“.

 

 

The post На Кире Лазаров не му доликува да рекламира фирми за продажба на пари: Зоран Спасов – Ѕоф за денешните идоли кои треба да се пример на генерациите appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK