април 22, 2026

Во сообраќајна незгода во с. Кучевичка Бара, почина едно лице. Денес во 15:57 часот од Итна медицинска помош во СВР Скопје е пријавено дека на стариот пат за с. Кучевичка Бара, скопско се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило “форд фиеста” со скопски регистарски ознаки и патничко возило “фолцваген голф” со скопски регистарски ознаки.

Како последица на незгодата возачот на возилото “форд фиеста” починал на местото на незгодата, додека возачот на возилото “голф” со возило на Итна медицинска помош е пренесен во КЦ Мајка Тереза – Ургентен центар.

Во моментов сообраќајот по стариот пат за с. Кучевичка бара се пренасочува. Се преземаат мерки за утврдување на причината за незгодата и за расчистување на случајот.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK