април 22, 2026

Галатасарај го декласира Јувенус со 5:2 (1:2), во првиот бараж натпревар з пласман во осминафиналето во Лигата на шампионите.

Галатасарај, предводен од Ноа Ланг, дојде на чекор до осминафиналето. Играчите на турскиот тим постигнаа четири гола во второто полувреме, откако противникот имаше минимална предност по првиот дел.

Сара го отвори натпреварот со гол за Галатасарај, за потоа на сцена да стапи Копмајнерс и со своите први голови во Лигата на шампионите оваа сезона направи пресврт.

На стартото на вториот дел, позајмениот играч на Наполи, Ланг изедначи, а по еден час игра Санчез погоди за 3:2.

Проблемите наЈувентус се зголемија во 67-та минута кога Кабал доби црвен картон. Левиот бек е трагичар, бидејќи влезе на теренот во второто полувреме и за само 22 минути успеа да добие два жолти картони.

Гаатасарај предноста од играч повеќе ја наплати со два гола. Најпрвин Ланг го постигна својот втор гол, а точка на мечот стави Бое.

Foto/ EPA

Share

The post (Видео) Галатасарај го декласира Јувентус appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK