Џина Џиновиќ (18), ќерка на пејачот Харис Џиновиќ и дизајнерката Мелина Џиновиќ, е популарна на социјалните мрежи и често споделува предизвикувачки фотографии и видеа со своите следбеници.
Таа во својата последна објава покажа дека се истетовирала и со тоа изненади многумина.
Младата Џина истетовирала буква на место кое важи за едно од најболните, внатрешната страна на усната.
На ова место многу боли: Ќерката на Харис Џиновиќ ја покажа тетоважата
Таа го објави видеото на социјалната мрежа TikTok, но не го откри значењето.
Инаку, Џина била во врска со раперот Михајло Веруовиќ, попознат како Војаж, а романсата наводно ја раскинале на почетокот на октомври.