септември 20, 2024

Во хеликоптерска несреќа во близина на Киев, загинаа 16 лица, меѓу кои и Министерот за внатрешни работи на Украина Монастирскиј и неговиот заменик.

Во хеликоптерска несреќа која денеска се случи во регионот на Киев во Украина загинаа најмалку 17 лица, меѓу кои четири деца и тројца високи функционери, меѓу кои и министерот за внатрешни работи на земјата, соопштија украинските власти.

„Во 14:00 часот (12:00 часот по Гринич), 25 лица, меѓу кои 11 деца, се повредени како последица на падот на хеликоптерот на Службата за итни состојби во градот Бровари, по што се хоспитализирани“, соопшти Државната служба за итни случаи на Украина (ДСНС), додавајќи дека првичните информации може да се ревидираат.

„Операциите за пребарување и спасување на единиците на ДСНС се во тек… Судбината на едно дете останува непозната“, соопшти службата на Телеграм. Хеликоптерот паднал во близина на градинка.

„Украинскиот министер за внатрешни работи, Денис Монастирскиј, неговиот заменик Јевхен Јенин и државниот секретар на Министерството за внатрешни работи, Јуриј Лубкович, се меѓу загинатите во несреќата“, изјави украинскиот претседател Владимир Зеленски.

„Денеска се случи страшна трагедија во Бровари, регионот на Киев. Се урна хеликоптер на ДСНС, а на местото на несреќата избувна пожар… Во моментов се утврдува точниот број на жртвите на трагедијата“, рече тој на Телеграм.

„Болката не може да се искаже со зборови. Хеликоптерот паднал на територијата на една од градинките“, рече тој и додаде дека е отворена истрага.

Во врска со рутата на хеликоптерот, заменик-шефот на украинскиот претседателски Кабинет, Кирило Тимошенко, на брифинг рече дека тој оди кон една од „жешките точки“ на конфликтот со Русија, додавајќи дека повеќе детали ќе бидат дадени подоцна, објави новинската агенција „РБК-Украина“.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK