Во моменти кога тој и неговата партија не успеваат во сите правци, тој се обидува со слепа политика да ја испрати земјата во бездната на меѓуетнички конфликт. ДУИ не треба да се занимава со ваква политика, туку да даде отчет за 20-те години неуспеси и за тоа што не успеале да реализираат ниту еден капитален проект во регионите со мнозинско албанско население. Државата е зафатена од криминал и корупција, а неуспесите на владата се последователни. На Северна Македонија не и требаат меѓуетнички конфликти