април 16, 2026

Откако Италија не успеа да се квалификува на Светското првенство трет пат по ред, се очекува селекторот на репрезентацијата, Џенаро Гатузо, да се повлече од клупата на националниот тим.

Легендарниот Фабио Капело го повика да почека до следните два натпревари пред да донесе конечна одлука, нагласувајќи дека неуспехот е резултат на индивидуална грешка.

Откако претседателот на Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ) Габриеле Гравина и шефот на делегацијата Џанлуиџи Буфон поднесоа оставки, многумина очекуваат Гатузо да го стори истото. Сепак, Капело го советува да почека до јуни со одлука.

„Да не заборавиме дека тој го презеде тимот кога квалификациите под водство на Лучијано Спалети веќе беа започнати и успеа да внесе карактер и решителност во тимот. За жал, и тажно е да се каже, ја плативме цената за една елементарна индивидуална грешка (црвениот картон на Бастони во 40-та минута), инаку веројатно ќе се вратевме со позитивен резултат“, рече трофејниот поранешен тренер на Милан, Рома, Јувентус и Реал Мадрид и поранешен селектор на Англија и Русија.

Foto/ Depositphotos

Share

The post Капело: Гатузо не треба веднаш да си замине, загубивме поради индивидуална грешка appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK