април 16, 2026

Мароканскиот фудбалер Ашраф Хакими го прекина молчењето по драмата што се случи по финалето на Африканскиот куп на нации.

Десниот бек се појави во подкастот „The Bridge“ заедно со Орелијан Чуамени и Килијан Мбапе, каде што за прв пат зборуваше за финалето, кое Сенегал го доби со 1:0, но два месеци подоцна титулата, Африканската конфедерација му ја додели на Мароко.

Без оглед на методот, Хакими го прифаќа таквиот исход.

„Многу сме среќни. Долго време го чекав овој момент. Дури и ако победата дојде на ваков начин“, рече Хакими.

И додека Мароканците ја слават победата, Сенегалците поднесоа жалба до Судот за спосртска арбитража и одбиваат да го вратат трофејот.

Foto/ Depositphotos

Share

The post Хакими: Среќен сум иако победата дојде на ваков начин appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK