Џорџина Родригез, девојката на Кристијано Роналдо, го искритикува селекторот на Португалија, Фернандо Сантос и му даде поддршка на фудбалерот.
„Денес твојот пријател и тренер донесе погрешна одлука. За него имавме само зборови за восхит и почит. Тој пријател, кога ти влезе во игра, виде како се се смени, но веќе беше доцна. Не можеш да го потцениш најдобриот играч во светот, твоето најмоќно оружје. Не можеш ниту да се заложиш за некој кој не го заслужува тоа. Животот ни држи лекции. Денеска не изгубивме, научивме. Кристијано, ти се восхитуваме“, напиша таа.
Мароко денеска стави крај на соништата на Кристијано Роналдо да стане светски шампион со Португалија. Јасно е, петтото првенство ќе биде последно во кое тој играше.
Веднаш по последниот свиреж на судијата, Роналдо во солзи истрча кон соблекувалната и не можеше да ги контролира емоциите. Иако се уште нема донесено конечна одлука, тешко е да се очекува дека славниот Португалец повторно ќе заигра за националниот тим, особено по бројните обвинувања и наводи за расправии во националниот тим.
Следете не, не има насекаде