ноември 21, 2024

Познатата пејачка Емина Јаховиќ никогаш не го криела своето потекло и дека потекнува од Нов Пазар и дека е од исламска вероисповед, но таа никогаш не ги почитувала верските обичаии кои ги обврзува жените да носат хиџаб, никаб или бурка. Меѓутоа, таа сега сите ги изненади.

Емина, имено објавила фотографија на која се гледа дека носи хиџаб, односно шамија со која ја покрила главата, но не и лицето. Пејачката очигледно го испочитувала овој обичај, но за тоа имала причина.
Јаховиќ ја посетила Медина, а со оглед на тоа дека жените во овој дел од Саудиска Арабија се покриени, пејачката очигледно сакала да ги испочитува обичаите и поради тоа ставила хиџаб.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK