септември 21, 2024

Началникот на Здружениот генералштаб на американската армија, генерал Марк Мајли, денеска во Германија изјави дека војната во Украина најверојатно ќе заврши преку преговори , а не на бојното поле и оцени дека од воен аспект тоа е многу тешко да се „избркаат“ Русите од таа земја во текот на оваа година.

„Од воена гледна точка, сè уште верувам дека ќе биде многу, многу тешко изводливо да се протераат руските сили со воени средства од сите окупирани области на Украина во текот на оваа година“, рече Мајли на прес-конференција по состанокот на Контакт групата за Украина во германската воздушна база Рамштајн.

Како што јави Си-Ен-Ен, тој рече дека „она што може да се случи е континуирана одбрана, стабилизација на фронтот“.

„Мислам дека е можно да се направи тоа. Мислам дека, во зависност од испораката на целата оваа (воена) опрема и обуката (за нејзина употреба), Украинците ќе можат да изведат значајна офанзивна операција“, рече Мајли.

Пред овој состанок, чија тема е воената помош за Украина, Пентагон објави безбедносен пакет помош за оваа земја во вредност од 2,5 милијарди долари.

За прв пат од почетокот на војната, во пакетот се вклучени оклопни возила од типот „Страјкер“, како и борбени возила „Бредли“.

Тие воени средства може да се користат против потенцијалните руски офанзивни дејства напролет.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK