септември 21, 2024

Познатиот балкански музичар Горан Бреговиќ настапи во Истанбул во Конгресниот центар Халич, на „Средба на Ромите 2023 – Заедно ги пишуваме вековите на Ромите“.

Таму беше и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган со кого Брега се држеше за рака на сцената. На крајот од вечерта турскиот претседател му врачи плакета на Бреговиќ.

Популарниот Брега со бендот настапи со композицијата „Ерде Лези“, а на сцената беше пуштено и видео од песните на ромската кралица на музиката Есма Реџепова, на која и беше оддадена посебна почит. И Ердоган уживаше во нејзината музика во публиката.

Ердоган им се обрати на Ромите со браќа и сестри и им објасни дека детството го поминал со деца како нив и дека пораснал заедно на истите улици, делел ист леб, радост и тага.

 

 

The post (Видео) Брега и Ердоган се држеа за раце на Денот на Ромите во Турција, во позадина пееше Есма Реџепова appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK