Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ на разни начини ги збунува сите, особено противниците!
Првично беше планирано Ѓоковиќ да го одработи својот тренинг пред натпреварот од третото коло на Австралија Опен на теренот број 10, но во последен момент дојде до промена и тренингот беше преместен на теренот број 22.
Сепак, сега се случи најновата промена и Ѓоковиќ тренира на „Род Лејвер Арена“.
Ноле пред мал број луѓе се подготвуваше за мечот со Григор Димитров, а сите присутни беа особено загрижени за неговата лева нога, која се уште е во завој.
Покрај завои, Ноле има и два вида „фластери“, што значи дека Новак ќе се обиде да направи се за да излезе, да го одигра натпреварот и да победи!
Следете не, не има насекаде