септември 22, 2024

Американскиот Јутјубер Ерик Декер го сруши Гинисовиот рекорд и заедно со компанијата Pizza Hut ја направи најголемата пица на светот. Пицата е долга 1299 квадратни метри и може да се подели на 68.000 порции. Ја направија во Конвенцискиот центар во Лос Анџелес.

„Баравме доволно голем и затворен простор за да можеме да ја испечеме“, рече Декер.

Пицата ја направија на 18 јануари, а претставник на Гинис потврди дека е најголемата која досега била направена. Работниците на Pizza Hut на слоевите тесто нанесле сос и други состојки, а кога сè било готово, ја испекле на парчиња.

Им биле потребни 6193 килограми тесто, 2243 килограми сос, 3991 килограм сирење и 630.496 парчиња колбас. На крајот ја донираа во народните кујни.

The post Американец ја направи најголемата пица на светот, па ја донираше во народни кујни appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK