септември 22, 2024

 Новак Ѓоковиќ даде свое видување за денешната победа над Григор Димитров во третото коло на Австралија опен.

Србинот победи со 3:0, по сетови 7:6(7), 6:4, 6:4. За време на натпреварот тој двапати побара медицинска пауза.

– Секоја топка беше важна – од самиот почеток. Раната пауза беше многу важна бидејќи не знаев како ќе се чувствувам физички. Одвреме-навреме имав проблеми. Мислев дека ми е доволен двоен брејк во третиот сет, но до последниот удар не знаев дали можам да победам. Беше тоа неверојатна битка – три сета за повеќе од три часа, рече Србинот.

Ѓоковиќ игра 18. пат на Грен слемот во Мелбурн и 15. пПат се најде во втората недела. Не успеа само во 2005, 2006 и 2017 година. Тој е деветкратен шампион на турнирот.

Следен ривал му е Алекс де Минаур

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK