септември 22, 2024

Неодамна се појави веста дека е уапсен шефот на Коза Ностра, а единствената жена во оваа криминална организација била Ана Патриша Месина Денаро.

По речиси 30 години бегство, пред неколку дена во Палермо беше уапсен Матео Месина Денаро, човекот кој беше назначен за шеф на најозлогласената мафија во светот – Коза Ностра.

Тој беше обвинет за некои од најмонструозните злосторства, поради што го доби прекарот „дијаболик“.

Многу членови од неговото семејство биле вклучени во активностите на криминалната организација, а големо внимание привлече сестрата на уапсениот мафијаш.

Ана Патриција Месина Денаро уште во 2016 година беше осудена на 14 и пол години затвор поради вмешаност во активностите на Коза Ностра, а она што е особено интригантно кај неа е тоа што таа беше единствената жена во оваа организација.

Првично Ана Патриција беше осудена на 13 години затвор, но бидејќи предметот беше префрлен во апелационен суд, казната и беше сменета. Таа беше уапсена како дел од група од триесетина членови и соработници на Матео Месина Денара кои успешно ја избегнаа „раката на законот“ уште од деведесеттите години на минатиот век.

Надлежните веруваат дека Матео ја користел својата сестра за да може да комуницира со подредените, пишува Србија данас.рс.

Надлежните се надеваа дека апсењата на најблиските соработници на Матео Месина Денара ќе доведат до апсење на самиот мафијашки шеф, што се покажа како точно.

Како што изгледа, покрај полицајците кои се прегрнаа кога го уапсија неподготвениот мафијаш, многу позитивно овој момент го дочекаа и жителите на Италија.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK