септември 23, 2024

Лидерот на ГЕРБ Бојко Борисов лично ќе го запознае претседателот на Европската народна партија Манфред Вебер со македонскиот Бугарин Христијан Пендиков кој беше претепан во Охрид.

Борисов се сретна со мајката на Пендиков во седиштето на ГЕРБ. Тој истакна дека оваа средба треба да послужи како јасна порака до македонските власти-пишува А1 он.

Ја осудуваме агресијата врз Христијан Пендиков. Ќе разговарам со лидерот на ЕПП Манфред Вебер. Ќе инсистираме тепањето против него да биде осудено на европско ниво“, рече Борисов.

Тој ги повика македонските власти – премиерот, министрите за внатрешни и надворешни работи, да направат се за да ги уапсат и казнат одговорните за тепањето. Само така Македонија ќе докаже дека е правна држава“, нагласи лидерот на ГЕРБ.

Борисов потсети дека Бугарија најмногу и помогнала на Македонија, но во Скопје мора да внимаваат „да не ги налутат Бугарите“.

„Најлошото нешто на Балканот е што Бугарите се лутат. Направивме сè за PCM. Тие секогаш ја имаа нашата целосна поддршка. Затоа ги повикувам, уште еднаш порачувам – осудете ги напаѓачите“, апелира тој.

Лидерот на ГЕРБ изјави дека таквите дејствија, како што е овој напад и непостапувањето да се казни, се неприфатливи.

„Нашиот гнев не е безопасен. Нашата наклонетост и љубов кон вас е огромна како земја, но и нашиот гнев е тежок. Македонија ќе го доживее доколку властите брзо не си ја завршат работата и не ги казнат виновниците“, му се обрати Борисов на Скопје.

Мајката на Христијан – Габриела Димкова се заблагодари на бугарската држава, на лекарите и на поддршката од Борисов за се. Таа посака никогаш повеќе да не се случат вакви инциденти во Македонија.

– Секој треба да има право да ја изрази својата етничка припадност, рече Димкова.

The post Борисов до мајката на Христијан Пендиков: Македонија ќе го доживее бугарскиот гнев appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK