септември 23, 2024

Ѕвездата на серијата „Твин пикс“, Лара Флин Бојл, повторно направи пластична операција, која дополнително ѝ го уништи лицето, пишува „Дејли меил“. Според нив, таа го оперирала носот, ги зголемила усните, вбризгала ботокс, ставила филери и го затегнала лицето.

„Преголемиот број корекции ѝ го уништија лицето. Таа веќе не личи на себе, а некогаш беше една од најубавите жени во светот. Таа дефинитивно треба да престане да оди под нож. Мислам дека особено претерала со филерите во усните и образите“, рекол хирургот Пол С. Насиф.

„Се плашам дека ми истекува времето. Нема толку многу филмски улоги за постари жени. Воопшто не се радувам на стареењето”, изјави глумицата во интервју во 2014 година.

Лара Флин ретко се појавува во јавноста, па новите фотографии ги изненадија нејзините обожаватели.

 

The post (Фото) Пластичните операции ѝ го уништија лицето на Лара Флин Бојл appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK