октомври 11, 2024

Питер Буркард од Холандија има 90 години и секој ден вози по 17 километри со велосипед за да ја посети својата сопругата која престојува во дом за болни лица. Вели дека ништо не го спречува секој ден да вози по 17 километри со велосипед за да ја види својата сопруга. Тие се заедно 63 години, а таа живее во дом за нега на болни лица.

Цели седум години, Питер не поминува ниту еден ден без да ја посети сопругата и скоро секојпат оди со велосипед.

Вели дека му треба околу еден час за да стигне до болницата, но кога има силен ветар, тогаш патува подолго.

„Студот не ми пречи, а кога врне, облекувам мантил за дожд. Секогаш одам да ја посетам сопругата. Сакам да бидам со неа секој ден. Не можам да издржам кога ми недостасува. Претходно одев со автомобил, но сега одам само со велосипед“, открива Питер за та холандски медиум.

Ако временските услови се многу лоши, тој вика такси или го носи некој од неговите синови. „Секогаш стигнувам до сопругата“, вели тој. А,  неговата сопруга не ни знае дека тој доаѓа со велосипед. Таа боледува од демеција. „Сакам да ја видам, сакам да ѝ го слушнам гласот. Кога ќе влезам во домот, веднаш знам каде е. Таа не е иста како порано, но јас уште сум вљубен во неа“., вели тој.

The post 90-годишен старец секој ден вози 17 кимилометри со велосипед за да ја види болната сопруга: Се уште сум вљубен во неа appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK