септември 29, 2024

Македонскиот интернационален модел, Татјана Јанушева, сликаше кампања за светски познатиот спортски бренд „Чемпион“. Татјана, која лани се проби во светската модна сцена, годината ја почна со соработката со американскиот бренд кој е познат по спортските дизајни на дресовите за кошаркарските и фудбалските национални тимови.

„По големите успеси на Јанушева, кога работеше кампањи за одлични брендови во Париз и Милано, таа сега повторно ја почнува новата сезона во модната индустрија. Нејзиината убавина ѝ ги отвори вратите на светскиот моделинг откако потпиша договор со една од најдобрите модни агенции, ‘Некст моделс’“, велат од нејзината матична агенција Моделс Ин.


The post Татјана Јанушева во кампања за американскиот спортски бренд „Чемпион“ appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK